На ден 17.08.2014 ќе се одржи првиот од предвидените 3 трки од Македонскиот Куп во далечинско пливање, на водите на Велешкото езеро “Младост”. Ќе пливаат 3 категории на пливачи, односно пливачи со 13/14 години (2000 и 2001г) кои ќе нстапат на 2,5км трка која започнува во 10:00, пливачи од 15-17 години
Author: admin
Македонски куп во далечинско пливање 2014
Пливачката федерација на Република Македонија, како тело кое секогаш се труди да го подигне нивото на спортските случувања во земјава, оваа година покрај маратоните во пливање на Акумулација Козјак и Дојранско Езеро, ќе организира и Македонски куп во далечинско пливање во Акумулација Велешко Езеро. Покрај тоа што овие случувања допринесуваат
Нови успеси за Томи Стефановски
Нашиот најдобар македонски пливач во далечинско пливање Томи Стефановски забележа одличен резултат освојувајќи го првото место на маратонот во Лак Сен Жан во Канада испливувајќи ја трката за 7 часа 9 минути и 8 секунди време со кое го дели првото место со домашниот пливач Савиер Дешарни. 43-годишниот Томи со
Марко Блажевски со нов рекорд
Нашиот пливач Марко Блажевски, кој учествуваше на пливачкиот митинг во Северна Каролина овој месец, го освои првото место на 200 метри мешано, при што имаше време за нов македонски рекорд. Блажевски патеката ја исплива за 2:03.65 минути. Минатата година на Светското првенство кое се одржа во Барселона, Марко исплива 200 мешано
Виктор Смилевски на Европското Младинско првенство
На последното Европско Младинско првенство кое се одржа во Дордрехт, Холандија во периодот од 09.07.2014 до 13.07.2014 година нашата држава ја претставуваше младинскиот репрезентативец и член на пливачкиот клуб ПВК Орион, Виктор Смилевски. Виктор е единствениот наш младински пливач кој ја исполни нормата која се бара за да се квалификува на овој
Започна пријавувањето за Охридскиот Маратон 2014
Oвогодинешниот Охридски Маратон по 28-ми пат ќе се одржи на 23 август. Пријавувањето за маратонот сеуште трае, а подготовките за маратонот оваа година се во полн ек. Пливачката федерација на Република Македонија, заедно со овогодинашните спонзори и поддржувачи на маратонот и овој пат ќе се потруди да го организира овој
Со љубов за Македонија
На крајот на сезоната 2013, Пливачката Федерација на Република Македонија и Органицазиониот Комитет на Македонскиот Куп во Далечинско пливање, организираат завршна манифестација "Со љубов за Македонија" која ќе се одржи во ресторанот "Ден и Ноќ" на 1 Ноември 2013 година со почеток од 19 часот. Ги покануваме сите оние кои што
Дојрански спортски ракувања 2013
Пливачката федерација на Република Македонија во согласност со својот план и програма а во коорганизација на Хотел Истатов ќе организираат по втор пат Македонски куп во далечинско пливање ДОЈРАНСКИ СПОРТСКИ РАКУВАЊА 2013 на 7 Септември 2013 година, сабота, на Дојранското Езеро. Трката ќе се одвива во три категории: 10 километри, 5 километри и 2.5
Рејмонд Аксел победник на XXVII Охридски Маратон
Французинот Рајмонд Аксел е победник на 27. Охридски пливачки маратон што се пливаше на Охридското Езеро. Аксел, кому ова му е прво појавување на охридскиот маратон, патеката Климе Савин" долга 30 километри ја исплива за 5:09:54 часа, соборувајќи го рекордот на Бугаринот Петар Стојчев, поставен лани за скоро 10 минути. -
Охридски Маратон 2013
Како што веќе беше објавено од страна на FINA, овогодинешниот Охридски Маратон ќе се одржи на 24 август по 27 пат. Досега своето учество на маратонот го пријавија 30 натпреварувачи (19 во машка и 11 во женска конкуренција). Искусниот маратонец Томи Стефановски ќе ја предводи македонската „чета“ од четворица пливачи на претстојниот
Пливачки митинг АРМ 2013
Пливачки митинг АРМ 2013 Пливачката федерација на Македонија организира натпревар - Пливачки митинг АРМ 2013, по повод Денот на Армијата на Р. Македонија. Настанот ке се одржи на базен Аеродром(воени базен) со почеток во 09.00 часот. На натпреварот учество ке земат деца од пливачки клубови , војници на АРМ и наши
Македонски куп во далечинско пливање “КОЗЈАК” 2013 година
Почитувани Во организација на Пливачката Федерација на Македонија, сабота 31 Август 2013 г. на најголемата вештачка Акомулација Козјак, по прв пат ќе се одржи ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ДАЛЕЧИНСКО ПЛИВАЊЕ - КОЗЈАК МАРАТОН. Техничката организација ќе ја превземе - ЈАСЕН, Јавно претпријатие основано од Владата на Република Македонија. Основа цел на ова Државно првенство
Заврши пријавувањето за 27-ми Охридски маратон
Ве известуваме дека заврши пријавувањето за учество на 27-от Охридски пливачки маратон.
Одложен купот “КОЗЈАК” 2012
Купот во далечинско пливање „Козјак 2012“ кој што требаше да се одржи во сабота 1ви септември 2012 година се одложува поради пожарите кои се активни на теренот околу езерото Козјак. Иако организациски се е подготвено за одржување на настанот, за жал, поради „виша сила“ и од безбедносни причини приморани сме да го
Македонски куп во далечинско пливање “КОЗЈАК” 2012 година
Земајќи го в предвид фактот дека живееме во едно сресно време, кога најголемиот дел од времето младите го поминуваат играјќи на компјутер, како и идејата дека младите кои спортуваат се посилни и поздрави отколку оние кои не се вклучени во физички активности, на самиот старт на оваа учебна година, Пливачката
Стојчев победник на Охридскиот маратон
26-ти Меѓународен Охридски маратон
Вкупно 29 натпреварувачи, од кои 18 мажи и 11 жени од пет континенти ќе учествуваат на годинашниот 26-ти Охридски пливачки маратон, што ќе почне в недела во 12 часот и ќе се плива на патеката „Климе Савин“ на Охридското Езеро. Шестчлената македонска експедиција ќе ја предводи третопласираниот од минатата година Евгениј
Младите ватерполисти на квалификации за ЕП
Младинската ватерполо репрезентација на Македонија во периодот од 24 до 27 мај учествува на квалификациониот турнир за пласман на Европското Првенство за ватерполисти под 19 години кој се одржува во Варна, Бугарија. Во нашата група освен Македонија учествуваат и Русија, Бугарија, Израел и Украина, а само прво пласираните две репрезентации ќе обезбедат
Достоинствен пласман на 6-то место за ватерполистите
Ватерполо репрезентацијата на Македонија достоинствено го заврши квалификациониот турнир во Едмонтон Канада освојувајќи го 6-тото место на турнирот во конкуренција на 12 репрезентации. Вчера во борбата за 5-тото место нашите репрезентативци несреќно го загубија мечот во последните секунди иако на неполна минута пред крајот имаа можност да го добијат натпреварот
Нови успеси на Марко Блажевски
Успешен настап на нашиот пливач Марко Блажевски во Монтреал на изборниот натпревар на Канадските пливачи за Олимпијадата во Лондон (27.03-01.04.2012). Натсапуваат 700 пливачи од Канада и пливачи од повеќе држави од Европа, Мексико и САД. Првите двајца од Канада се здобиваат со право да настапат на Олимпијадата во Лондон за
Ватерполистите ги чекираа картите за Едмонтон
Заврши периодот на неизвеснот за ватерполистите и за Пливачката федерација на Македонија! Денес официјално е потврдено дека ватерполо репрезентацијата на Македонија заминува за Едмонтон каде со останатите репрезентации на турнирот во Канада ќе се бори за пласман на Олимписките игри во Лондон. Изјави: „И покрај сите неизвесности и проблеми како недостатокот на
Прием кај министерката за внатрешни работи г-ѓа Гордана Јанкулоска
Ватерполо репрезентацијата на Македонија денес беше примена од Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Министерството за внатрешни работи на РМ при што министерката Јанкулоска им честита на ватерполистите за сите досегашни успеси како и за афирмацијата на македонскиот спорт а со тоа и на целата држава. Министерката Јанкулоска им
Светска лига: Победа над Германија
Со победата над ватерполо репрезентацијата на Германија во последниот дуел од групата „Б“ на Светската Лига во ватерполо, нашата репрезентација го заокружува учеството во ова реномирано натпреварување. Откако резултатот во регуларниот тек заврши нерешено 9:9 (по четвртини 1:4; 3:2; 2:1 и 3:2), во пенал серијата успеавме да ги совладаме Германците
Прием на универзитетската ватерполо репрезентација кај Премиерот Никола Груевски
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, вчера оствари средба со членовите на македонската универзитетска ватерполо репрезентација. На средбата премиерот Груевски им честита на младите ватерполисти за освојувањето на бронзениот медал на Универзијадата што минатата година се одржа во Кина, што претставува прв медал за Република Македонија во групните
Ватерполистите на квалификации за Олимпијадата
Пливачката Федерација на Македонија денеска официјално го потврди учеството на Македонската ватерполо репрезентација на квалификациониот турнир за Олимпијадата 2012 во Лондон. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Едмонтон, Канада, од 1-ви до 8-ми Април. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 19-ти Февруари во Лондон, Велика Британија. Петте први репрезентации кои обезбедија
Подготовки на пливачите пред Олимпијадата
Во месец Јануари нашите истакнати пливачи Симона Маринова и Марко Блажевски кои се и потенцијални кандидати за учество на Олимпијадата во Лондон, беа на 15-дневни подготовки во Данкер, Франција и во Орландона Флорида заедно со нивните тренери. На подготовките во Франција, Симона Маринова тренираше заедно со најдобрите млади пливачи на
Започнавме и завршивме со победа!
Како што го започнавме, така и го завршуваме Европското првентво во ватерполо во Ајндховен - со победа! Македонската репрезентација денес извојува тешка победа против репрезентацијата Турција со 9-7. Нашиот тим во преполовен состав, без дваjцата центри Данијел Бениќ кој замина од Холандија заради смртен случај, Саша Мишиќ - кој одсуствува заради
Македонија повторно против Турција
Македонија – Холандија 8 : 10
Mакедонија одлично го започна петтиот меч на Европското првенство против репрезентацијата на домаќинот, Холандија. Со два гола предност и резултат од 4-2 во корист на Македонија ја завршивме првата четвртина и одлично го отвориме мечот. Меѓутоа, продолжетокот на натпреварот не беше поволен за нас и по втората (0-2), третата (2-3)
Пораз од Италија
Во четвртиот натпревар на Европското првенство во Ајндховен, нашите ватерполо репрезентативци се поразени од репрезентацијата на Италија со 15 - 5. Резултатот по четвртини беше: 2-3, 1-2,1-5, 1-5. По натпреварот селкторот Гочанин потенцираше дека „првите две четвртини добро ги одигравме, но во продолжетокот на натпреварот не игравме добро, игра без концентрација и лоша