Во четвртиот натпревар на Европското првенство во Ајндховен, нашите ватерполо репрезентативци се поразени од репрезентацијата на Италија со 15 – 5.
Резултатот по четвртини беше: 2-3, 1-2,1-5, 1-5.
По натпреварот селкторот Гочанин потенцираше дека „првите две четвртини добро ги одигравме, но во продолжетокот на натпреварот не игравме добро, игра без концентрација и лоша игра во одбраната. Мораме да го промениме ова размислување во престојниот меч со Холандија.”