Пливачката федерација на Република Македонија во согласност со својот план и програма а во коорганизација на Хотел Истатов ќе организираат по втор пат Македонски куп во далечинско пливање ДОЈРАНСКИ СПОРТСКИ РАКУВАЊА 2013 на 7 Септември 2013 година, сабота, на Дојранското Езеро.
Трката ќе се одвива во три категории:
10 километри, 5 километри и 2.5 километри.
Пливачката федерација на Република Македонија ги поканува сите заинтересирани да дојдат и да земат учество на овогодинашниот куп во далечинско пливање. Исто така ги покануваме сите заинтересирани љубители на пливањето да дојдат и да бидат дел од оваа манифестација.
Подолу може да се превземат пријавата и родителската согласност.