Успешен настап на нашиот пливач Марко Блажевски во Монтреал на изборниот натпревар на Канадските пливачи за Олимпијадата во Лондон (27.03-01.04.2012). Натсапуваат 700 пливачи од Канада и пливачи од повеќе држави од Европа, Мексико и САД. Првите двајца од Канада се здобиваат со право да настапат на Олимпијадата во Лондон за Канада, а странските пливачи имаат право да пливаат само Б финале и да исполнат Олимписки норми. На ова натпреварување Марко настапува под знамето на Република Македонија.
Шрвиот и вториот ден Марко Блажевски настапи на 400м мешано и 200м делфин и два пати ги подобруваше своите времиња во квалификациите и во финалните трки. На 400м мешано во Б финале се пласираше на второто место со време 4.29.07. На 200м делфин во Б финале се пласира на трето место со врме 2.03.00. Во третиот дел постави нов апсолутен рекорд на Македонија на 400м слободно со време 4.03.19. Стариот рекорд беше на Александар Маленко кој стоеше повеќе од 15 годнини.
Треба да се напомене деке Блажевски е во извонредна форма и неговите резултати се во постојан подем, кои даваат надеж дека Блажевски ќе ја исполни Олимписката норма.