Зимско Национално Првенство 14-15.12.2019

На Зимското Национално Првенство во пливање кое се одржа на 14-15.12.2019 на базенот Борис Трајковски учество земаа 19 клуба и околу 300 пливачи кои се натпреваруваа во сите старосни категории(Сениори,Младинци,Кадети,Постари и Помлади пионери) поединечно и екипно.
За најдобри пливачи по категории според најголем број на победи во категорија се прогласени следните пливачи:
Жени:
Помлади пионерки – Софија Дамјанова ПК Октопод
Постари пионерки,Кадетки,Младинки и Сениорки – Миа Блажевска Еминова ПВК Орион
Мажи:
Помлади пионери – Никола Ѓуретановиќ ПК Вардар 2018
Постари пионери – Јован Јанковски ПВК Орион
Кадети и Младинци – Андреј Стојановски ПК Нептун
Сениори – Филип Деркоски ПВК Орион
На првенството се поставени и 13 индивидуални и 5 рекорди во штафетните трки.
Членката на ПВК Орион,Блажевска Еминова Миа постави нови рекорди во следните дисциплини:
Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на  50м грбно со време 29:30
Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на 50м градно со време 34:24
Кадетски,Младински и Апсолутен рекорд на 100м делфин со време 1:02:98
Кадетски рекорд на 100м градно со време 1:14:90
Кадетски рекорд на 50м делфин со време 28:93
Членот на ПК Скопје,Стефан Цветковски постави нов Кадетски рекорд во дисциплината 50м делфин со време 25:90
Додека членката на ПК Октопод,Софија Дамјанова постави нов рекорд за Помлади пионерки во дисциплината 50м делфин со време 30:59.
Штафетите на ПК Вардар 2018 поставија нови рекорди за Помлади пионери со време 2:17:02 на 4×50м мешано и 2:01:97 на 4×50м слободно.
Штафетите на ПК Скопје поставија нови рекорди за Кадетки и Младинки на 4×50м мешано со време 2:17:05,нов рекорд за Кадетки и Младинки на 4×50м слободно со време 2:02:75 и нов рекорд за Постари пионерки на 4×50м слободно со време 2:02:75