Ватерполо репрезентацијата на Македонија денес беше примена од Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Министерството за внатрешни работи на РМ при што министерката Јанкулоска им честита на ватерполистите за сите досегашни успеси како и за афирмацијата на македонскиот спорт а со тоа и на целата држава. Министерката Јанкулоска им посака уште поголем успех на претстојниот квалификациски турнир во Едмонтон (Канада) на кој што македонските ватерполисти ќе се борат за едно од местата кои водат на Олимпијадата во Лондон.
Ватерполо репрезентацијата на министерката Јанкулоска и подари ватерполо топка со постписи од сите ватерполисти како и врамена плакета со освоената бронзена медалја од минатогодишната Универзијада во Кина каде македонските ватерполисти го освоија третото место и ја донесоа првата медалја освоена од една македонска репрезентација на големите меѓународни натпреварувања.