Ватерполистите ги чекираа картите за Едмонтон

Заврши периодот на неизвеснот за ватерполистите и за Пливачката федерација на Македонија! Денес официјално е потврдено дека ватерполо репрезентацијата на Македонија заминува за Едмонтон каде со останатите репрезентации на турнирот во Канада ќе се бори за пласман на Олимписките игри во Лондон.
Изјави:
„И покрај сите неизвесности и проблеми како недостатокот на финансии, откажување на билетите од агенциите, сепак на крајот докажавме дека националното чуство преовладa и со помошта на неколку поединци, поддржувачи и спонзори во последните мигови успеавме да дојдеме до решение на сите проблеми и докажавме дека сонот може да стане реалност. Би сакале да се заблагодариме на Агенцијата за млади и спорт и директорот Лазе Поповски како и на сите останати помагатели кои потпомогнаа во овие тешки мигови. Се надеваме дека потешкотиите кои ги имавме при заминувањето на ватерполо репрезентацијата ќе ни се вратат со среќа на натпреварите во Едмонтон!“
– Пливачка Федерација на Македонија
„Денеска до 18 часот не се занеше ништо. Бевме во тотална не извесност за тоа дали ќе се патува за Канада или не. Сепак, државниот врв во екстремно краток период успеа да изнајде решение со нивна максимална ангажираност и покрај сите нивни обврски најдоа разбирање за нашите проблеми и буквално невозможната мисија стана реалност. За тоа сме навистина благодарни.“
– Владимир Димовски – директор за ватерполо, ПФМ (27.03.2012 во 23ч)
„Буквално до последен момент, до завршувањето на денешниот контролен спаринг натпревар со екипата на Партизан не знаевме дали ќе се патува за Канада или не! Вечерва по натпреварот конечно дознавме од Пливачката федерација дека картите се резервирани и дека нашата селекција утре во раните часови заминува за Едмонтон што е одлична вест!
Што се однесува до екипата, атмосверата е одлична, екипата е во добра форма иако недостасуваат поголем број на контролни натпревари со што би се постигнала поголемо ниво на  соработка помеѓу играчите. Сепак се надеваме да во наредните неколку дена одиграме неколку спаринг натпревари со екипите во Едмонтон.
Ќе се обидеме да го дадеме максимумот и достојно да ја преставиме нашата Македонија на турнирот во Едмонтон.“
–       Сашко Поповски – селектор (27.03.2012 23:30ч)