Mакедонија одлично го започна петтиот меч на Европското првенство против репрезентацијата на домаќинот, Холандија. Со два гола предност и резултат од 4-2 во корист на Македонија ја завршивме првата четвртина и одлично го отвориме мечот. Меѓутоа, продолжетокот на натпреварот не беше поволен за нас и по втората (0-2), третата (2-3) и четвртата (2-3) четвртина Холанѓаните направија пресврт, а на крајот Македонија го загуби мечот со резултат 8-10.
Головите за Македонија ги постигнаа:
– Урош Калиниќ – 4 гола,
– Игор Рачуница – 2 гола,
– Саша Мишиќ – 1 гол,
– Даниел Бениќ – 1 гол.
Во среда во 14 часот, нашите репрезентативци ќе играат со репрезентацијата на Романија која заврши како шеста во Б групата во разигрувањето преку кое можеме да стигнеме највеќе до 7-мото место.