Достоинствен пласман на 6-то место за ватерполистите

Ватерполо репрезентацијата на Македонија достоинствено го заврши квалификациониот турнир во Едмонтон Канада освојувајќи го 6-тото место на турнирот во конкуренција на 12 репрезентации. Вчера во борбата за 5-тото место нашите репрезентативци несреќно го загубија мечот во последните секунди иако на неполна минута пред крајот имаа можност да го добијат натпреварот и да завршат и на петтото место.

Се на се, ватерполистите достојно ја преставија нашата земја извојувајќи 2 победи против Холандија и Германија. Со малку повеќе среќа особено во натпреварите против Романија, а потоа и Канада, пласманот на Олимписките игри во Лондон ќе беше на дофат. Во продолжение е историјатот на натпревари на ватерполо репрезентацијата на Македонија и конечниот пласман во групата А на квалификациониот турнир во Едмонтон.

 

Група A – Конечна табела

Грна Гора   5 0 0     10 бода
Романија   3 0 2     6 бода
Грција   3 0 2     6 бода
Македонија  2 0 3          4 бода
Германија   2 0 3    4 бода
Холандија   0 0 5          0 бода

 

Натпревари по група:

1 Коло

21:50ч 01-04-12 Црна Гора – Холандија (12:6)
23:10ч 01-04-12 Грција – Македонија (12:2)
00:30ч 02-04-12 Германија – Романија (10:9)
01:50ч 02-04-12 Шпанија – Бразил (17:7)
04:00ч 02-04-12 Турција – Аргентина (9:9)
2 Коло
22:20ч 02-04-12 Аргентина – Шпанија (6:14)
23:40ч 02-04-12 Холандија – Македонија (6:9)
01:00ч 03-04-12 Романија – Грција (10:9)
02:20ч 03-04-12 Црна Гора – Германија (11:7)
03:40ч 03-04-12 Канада – Бразил (12:9)
3 Коло
22:20ч 03-04-12 Македонија – Романија (6:9)
23:40ч 03-04-12 Германија – Холандија (11:6)
01:00ч 04-04-12 Грција – Црна Гора (7:8)
02:20ч 04-04-12 Бразил – Аргентина (16:7)
03:40ч 04-04-12 Турција – Канада (5:14)
4 Коло
22:20ч 04-04-12 Турција – Шпанија (2:21)
23:40ч 04-04-12 Холандија – Романија (5:7)
01:00ч 05-04-12 Црна Гора – Македонија (14:6)
02:20ч 05-04-12 Германија – Грција (9:11)
03:40ч 05-04-12 Канада – Аргентина (13:5)
5 Колo
22:20ч 05-04-12 Грција – Холандија (14:5)
23:40ч 05-04-12 Македонија – Германија (6:4)
01:00ч 06-04-12 Бразил – Турција (11:11)
02:20ч 06-04-12 Црна Гора – Романија (14:8)
03:40ч 06-04-12 Шпанија – Канада (9:6)
Натпревари во разигрување:
06.04.2012  Шпанија – Македонија   11 : 7
08.04.2012  Канада – Македонија 11 : 10