Во месец Јануари нашите истакнати пливачи Симона Маринова и Марко Блажевски кои се и потенцијални кандидати за учество на Олимпијадата во Лондон, беа на 15-дневни подготовки во Данкер, Франција и во Орландона Флорида заедно со нивните тренери. На подготовките во Франција, Симона Маринова тренираше заедно со најдобрите млади пливачи на Северна Франција во Олимписката база на Француската Пливачка Федерација, а Марко Блажевски своите подготовки ги направи заедно со пливачите од неговиот Колеџ „Wingate“ каде што Марко студира и се подготвува за настапи за својот Колеџ и за Репрезентацијата на Македонија.
Се надеваме дека овие подготовки ќе придонесат за подигање и подобрување на формата на нашите пливачи пред нивниот настап на квалификационите натпревари кои можат да им обезбедат настап на Олимпијадата во Лоднон 2012. Во наредниот период за нив следат неколку квалификациони натпревари во Европа и во САД.