Македонски куп во далечинско пливање “КОЗЈАК” 2013 година

Почитувани

Во организација на Пливачката Федерација на Македонија, сабота 31 Август 2013 г. на најголемата вештачка Акомулација Козјак, по прв пат ќе се одржи ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ДАЛЕЧИНСКО ПЛИВАЊЕ – КОЗЈАК МАРАТОН.

Техничката организација ќе ја превземе – ЈАСЕН, Јавно претпријатие основано од Владата на Република Македонија.

Основа цел на ова Државно првенство е преку систем од натпревари за предстојната Олимпијада, Република Македонија да обезбеди учество на свои претставници во олимписката дисциплина – далечинско пливање на 10км. Натпреваруањето согласно правлникот на Пливачката Федерација на Македнија ќе се одржи дополнително на 5км и 2,5км и тоа во сите категории на пливачи. Предвидените патеки имаат кружен тек на потегот од м.в Близанско во правец на мостот над Акумулацијата Козјак и назад.

Пристапен пат од Скопје е регионалниот пат Скопје / Марков манастир / Нова Брезница / Кула(ЈАСЕН) / “мост на Близанско” / Акумулација Козјак и од страната на Македонски Брод, с. Белица, викенд населба Борова Брезница /  “мост на Близанско” / Акумулација Козјак.

Категорија:

  • 2,5км (од 13 до 14 год.)
  • 5км (од 15 до 17 год.)
  • 10км (над 17 год.)

 

* Учесници на натпреварувањето можат да бидат само членови на клубови регистрирани во ПФМ.

* Обезбеден е награден фонд од 300.000,00 денари.

Согласност_од_родителите_2013

Пријава_2013