Нашиот пливач Марко Блажевски, кој учествуваше на пливачкиот митинг во Северна Каролина овој месец, го освои првото место на 200 метри мешано, при што имаше време за нов македонски рекорд. Блажевски патеката ја исплива за 2:03.65 минути. Минатата година на Светското првенство кое се одржа во Барселона, Марко исплива 200 мешано за време од 2:07.78 минути.
Покрај Блажевски, вредно за спомнување е и одличната форма на Анастасија Богдановски, која во Мериленд, САД постигна најдобар резултат со македонски рекорд на 100 метри грбно од 1:06.82 минута.