По вчерашниот пораз во мечот против Романците кој го загубивме со 10 – 12, а кој можеше да ни го отвори патот до седмото место на ова Европско првенство, утре, со почеток во 12 часот Макдеонските репрезентативци ќе се спротистават на репрезентацијата на Турција во борба за 11-тото место на првенството.
Во натпреварот со Романија кој беше тежок и неизвесен во целиот тек, резултатот по четвртини беше: 1-1, 3-4, 3-4, 3-3.
Стрелци на головите за Македонија беа: Мирослав Ранџиќ кој постигна 3 гола, Милан Петровиќ (2), Владимир Кречковиќ (2), Саша Мишиќ (2) и Иван Вуксанович кој постигна 1 гол.