Купот во далечинско пливање „Козјак 2012“ кој што требаше да се одржи во сабота 1ви септември 2012 година се одложува поради пожарите кои се активни на теренот околу езерото Козјак. Иако организациски се е подготвено за одржување на настанот, за жал, поради „виша сила“ и од безбедносни причини приморани сме да го одложиме настанот.
Во моментов најважно е да се изгаснат пожарите и да се санираат штетите предизвикани од нив, а за новиот термин на маратонот дополнително ќе се одлучува во наредните денови доколку временските и безбедносните услови го дозволуваат тоа.