Како што го започнавме, така и го завршуваме Европското првентво во ватерполо во Ајндховен – со победа! Македонската репрезентација денес извојува тешка победа против репрезентацијата Турција со 9-7.
Нашиот тим во преполовен состав, без дваjцата центри Данијел Бениќ кој замина од Холандија заради смртен случај, Саша Мишиќ – кој одсуствува заради заработениот црвен картон во мечот против Романија, Борис Летица и помошник тренерот Сашко Поповски кои исто така одсуствуваат заради заработен црвен картон од наптреварот против Романците.
Натпреварот не беше лесен како првата средба на првенството кога победивме со голема разлика, но сепак со цврста и мотивирана игра успеавме преку четирите четвртини 3-1, 2-2, 2-1 и 2-3 да дојдеме до посакуваната победа и пласман на 11-тото место на Европското Првенство во Ајндховен, Холандија.