2 одржани трки од Македонскиот куп во далечинско пливање – освоени поени

После 2 одржани трки од Македонскиот куп во далечинско пливање водечки во своите категории по освоени поени се следните пливачи: Категорија 1(пливачи родени 2002 и постари) Мажи: Деркоски Филип П.В.К.Орион 28 поени Категорија 2(пливачи родени 2003-2005) Мажи: Динев Христо ПК Олимпик 24 поени Жени: Костандиновска Јана ПК Нептун 28 поени Категорија 3(пливачи родени 2006-2008) Мажи: Велков Михаил ПК Нептун 30 поени Жени: Дамјанова

Втора трка од Македонскиот куп во далечинско пливање која се одржа на 16.08.2020

Na 2та трка од Македонскиот куп во далечинско пливање која се одржа на 16.08.2020 на Св.Наум во Охрид,учество земаа 55 пливачи од 10 клуба.Трката беше во должина од 2,5Км и се пливаа 5 круга,воедно се одржа и промотивна трка од 800м за пливачи родени 2009 и помлади. Националната пливачка федерација се

Резултати од првата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање

На 09.08.2020во Крушево се одржа првата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање во должина од 2,5Км.На трката учество земаа околу 40 пливачи од 8 клуба од Македонија. Победници во категории се: Мажи: Категорија 1(пливачи родени 2002 и постари)  - Деркоски Филип П.В.К.Орион Категорија 2(пливачи родени 2003-2005)  - Тануровски Давид П.В.К.Орион Категорија 3(пливачи родени 2006-2008)

На 09.08.2020 во Крушево ќе се одржи маратонот во должина од 2,5Км

На 09.08.2020 во Крушево ќе се одржи маратонот во должина од 2,5Км,маратонот го носи името на нашата музичка ѕвезда "Тоше Проевски". Маратонот е дел од Македонскиот куп во далечинско пливање во организација на Националната пливачка федерација а технички организатор е Пливачкиот клуб Вардар 2018 од Скопје. Подоле ги имате пропозициите и согласноста

Известување

На 02.08.2020 ќе се одржи традиционалниот Илинденски маратон кој воедно е и прва трка од Македонскиот куп во далечинско пливање,за прв пат од своето постоење поради ситуацијата со коронавирусот организаторот на маратонот Охридски бранови мораше стартот да го направи на градскиот кеј кај Хотел Тино а не како досега кај

Национална пливачка федерација изготви протокол според кој ќе се изведуваат трките

Македонскиот куп во далечинско пливање оваа година почнува со трката во Охрид на 02.08.2020 и во него ќе има 6 трки. Поради ситуацијата со коронавирусот Националната пливачка федерација изготви протокол според кој ќе се изведуваат трките односно доаѓањето пливачите,местото каде се сместени,места за родители и посетители и заминувањето после трката За што

Националната пливачка федерација 7 година по ред ќе го одржи Македонскиот куп во далечинско пливање

Националната пливачка федерација 7 година по ред ќе го одржи Македонскиот куп во далечинско пливање.И оваа година Купот  повторно го почнуваме со традиционалниот  Илинденскиот маратон кој се одржува за големиот празник Илинден. За прв пат ќе имаме и трка во Крушево.И оваа година финалето на Купот ќе се одржи на Велешкото

Летните Младински Олимписки Игри се одложуваат за 2026

Поради ситуацијата со коронавирусот и поради одложувањето на Летните Олимписки Игри Токио 2020 за наредната година,Интернационалниот Олимписки Комитет и Организацискиот одбор на Летните Младински Олимписки Игри кои требаа да се одржат во Дакар,Сенегал 2022 се одложуваат за 2026. https://www.olympic.org/news/senegal-and-the-ioc-agree-to-postpone-the-youth-olympic-games-dakar-2022-to-2026

Евгениј Поп Ацев го заврши препливувањето на соломаратонот во должина од 7Км

Нашиот пливач,Евгениј Поп Ацев го заврши препливувањето на соломаратонот во должина од 7Км. Евгениј овој соломаратон го исплива во чест на Легендата на Македонското маратонско пливање Нико Нестор и фондацијата која го носи неговото име,со цел собирање на финансиски средства. Страната на кој можете да донирате средства на фондацијата сеуште е активна

Владата го усвои протоколот издаден од Националната пливачка федерација

Почитувани пливачи, тренери и родители, Изминативе три месеци бевме вклучени во долга и истрајна активност за создавање соодветни правила и протоколи кои ги разработувавме заедно со здравствените и државните власти се со цел безбедно отварање на базените и рестартирање на пливањето. Владата конечно го усвои протоколот издаден од Националната пливачка федерација и

Список на пливачи кои ќе може да ги користат термините во базенот Борис Трајковски

Список на пливачи кои ќе може да ги користат термините во базенот Борис Трајковски.Списокот е направен според неколку критериуми(категоризирани спортисти,репрезентативци и освојувачи на медали на Национални првенства) и според следење на препораките дадени од страна на Националната пливачка федерација и усогласени со раководните лица на базенот. Во продолжение списокот: Список на пливачи

Владата на Република С.Македонија ги усвои протоколите за користење на базените

Владата на Република С.Македонија на седницата одржана на 16.06.2020 ги усвои протоколите за користење на базените предложени од страна на Националната пливачка федерација и се однесуваат за а пливачките клубови во Македонија Истите протоколи се веќе излезени во Службен весник и можете да ги видите во документот подолу dokument

Испратено барање за отварање на базените

Почитувани Националната пливачка федерација  повторно испрати барање за отварање на базените до Министерството за здравство,Комисијата за заразни болести и Владата на република С.Македонија.  Национална пливачка федерација покрај тоа што повторно побара да се отворат базните за пливачите поради извршување на тренажен процес,како Федерација која се грижи за своите членови,побаравме отварање на базените 

Известување

После најавата за започнување на втората мерка од најавениот пакет мерки за подршка на спортот и спортистите во нашата држава http://www.ams.gov.mk/pochetna/20-odnosi-so-javnosta/soopstenija/1481-2020-05-06-17-29-24,Националната пливачка федерација испрати список од 16 клубови до Агенцијата за млади и спорт кои аплицираа за мерката преку Националната федерација. Подоле го имате дописот и списокот на клубови кој е испратен

Известување

После водениот разговор со раководството на А1 Спортскиот центар Борис Трајковски на 11.05.2020 и поради намалување на рестриктивните мерки од страна на Владата, со цел отварање на базените за работа,Националната пливачка федерација изготви список на пливачи кои ќе може да влезат на базенот Борис Трајковски. Списокот и бројот на пливачи е

Усогласување на препораките за користење на базените

После добиениот одговор на Владата на Република С.Македонија,Националната пливачка федерација е во постојан контакт со Комисијата за заразни болести,Кризниот штаб и со тим од Министерството за здравство во поглед на усогласување на препораките за користење на базените. Во продолжение ги имате препораките кои ќе бидат предмет на доработка со горенаведените институции. ПРЕПОРАКИ

Известување

После нашето барање до Владата на Република С.Македонија во врска со отварање на базените истото е препратено од страна на Владата до Кризниот штаб,Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Оваа недела Националната пливачка федерација во корелација со горенаведените институции ќе ги разгледа веќе понудените Протоколи и Правилници за користење

Известување.

Се известуваат сите клубови членки на Националната пливачка федерација до 12.05.2020 Вторник да ги испратат своите решенија за дејност спорт на следните електронски адреси: aleksandarf@yahoo.com и vardarswim_b@hotmail.com Истите се потребни за втората мерка пакети за помош на спортот односно Финансиска помош на спортски клубови. Повеќе на врската⤵️ http://www.ams.gov.mk/pochetna/20-odnosi-so-javnosta/soopstenija/1481-2020-05-06-17-29-24

Одредена датата на одржување на Европското Сениорско првенство

Европската пливачка федерација ЛЕН ја одреди датата на одржување на Европското Сениорско првенство во водени спортови. Тоа веќе еднаш беше одложено за Август оваа година но поради ситуацијата со вирусот Ковид 19 новата дата е 10-23 Мај 2021. Повеќе на врската⤵️ https://len-budapest2020.com/2020/05/05/the-2020-european-aquatics-championships-postponed-to-may-2021/

Барање за отварање на базените

Почитувани, Националната пливачка федерација следејќи го примерот на федерациите во Европа,Ви испраќаме барање за отварање на базените и повторно отпочнување со пливачки тренинзи Воедно ние како Федерација имаме подготвено одредени препораки претоколи за одржување на тренинзите. Со Почит Национална Пливачка Федерација Претседател Александар Филипчев Барање Национална пливачка федерација - Ковид 19

Светската пливачка федерација го одложи Светското првенство

После откажување на Младинското Европско првенство во пливање и одложување на Сениорското за 2021,денес и Светската пливачка федерација го одложи Светското првенство во водени спортови за 2022. Светската пливачка федерација ФИНА после консултација со официјалните лица на градот Фукуока,Јапонската пливачка федерација,спонзорите и партнерите одлучи Светското првенство во водени спортови да се

Известување!

Балканската федерација на пливачки спортови одлучи Младинското Балканско првенство во пливање кое требаше да се одржи во Скопје од 08-10.05.2020 да се откаже и оваа година истото воопшто нема да се одржи. Оваа одлука е донесена поради моменталната ситуација со коронавирусот и пред се поради безбедноста на пливачите. Ние како Федерација ја

Дата на одржување на Летните Олимписки Игри

Интернационалниот Олимписки Комитет,Организациониот Комитет на Летните Олимписки Игри Токио 2020 и Градската управа на Токио,ја објавија датата на одржување на Летните Олимписки Игри. Тие ќе се одржат од 23.07-08.08.2021. Лотого на игрите ќе остане исто Токио 2020 како и сите испечатени материјали. Им посакуваме мирна година и успешни игри. https://www.olympic.org/news/ioc-ipc-tokyo-2020-organising-committee-and-tokyo-metropolitan-government-announce-new-dates-for-the-olympic-and-paralympic-games-tokyo-2020

Соопштение од Светската антидопинг агенција WADA

Светската антидопинг агенција WADA излезе со соопштение во однос на моменталната ситуација со коронавирусот со што направи дополнителни ажурирања и одговори на сите прашања на спортистите во однос на протоколот на тестирање. https://www.wada-ama.org/en/covid-19-updates

Најнова вест!!!

Претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет,господинот Томас Бах и Премиерот на Јапонија,господинот Шинзо Абе денес преку конференциска врска имаа заедничка конференција. Тие заедно донесоа одлука Олимписките игри во Токио 2020 да бидат одложени за наредната година но не покасно од летото 2021. Во продолжение го имате заедничкото соопштение: https://www.olympic.org/news/joint-statement-from-the-international-olympic-committee-and-the-tokyo-2020-organising-committee

Известување!

Поради препораките на Министерството за здравство и Владата, со што сите базени во Македонија се затворени,Националната пливачка федерација после консултација со Управниот одбор, Одборите за пливање и далечинско пливање одлучи да ги откаже сите натпревари кои според календарот на натпревари треба да се одржат до 01.06.2020. За сите промени кои произлегуваат

Презакажано Европско првенство во пливање

Европската пливачка федерација Лен,поради ситуацијата со коронавирусот претстојното Европско првенство во пливање кое требаше да се одржи во Будимпешта од 11-22.05.2020 го презакажа за 17-30.08.2020 но сепак во известувањето до Националните федерации стои препорака доколку состојбата до тогаш не се стави под контрола истото да биде презакажано за 2021 година. http://www2.len.eu/?p=16664

ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

На својата 15 седница одржана на 10.03.2020,Владата донесе одлука со кој се забранува користење на секаков тип на пливачки базени на територијата на Македонија која ќе трае 14 дена од нејзиното донесување. Оваа одлука е според препораките на Министерството за здравство и поради новонастанатата ситуација со коронавирусот.

Известување

Следејќи ги препораките на Министерството за здравство за ограничување и одложување на сите масовни собири и неможејќи да ги организираме натпреварите без публика,Националната пливачка федерација донесе одлука: Меѓународниот пливачки митинг "Нептун Куп" во организација на ПК Нептун и Меѓународниот пливачки митинг "Гранд при Македонија" во организација на Националната пливачка федерација да