Испратено барање за отварање на базените

Почитувани
Националната пливачка федерација  повторно испрати барање за отварање на базените до Министерството за здравство,Комисијата за заразни болести и Владата на република С.Македонија.
 Национална пливачка федерација покрај тоа што повторно побара да се отворат базните за пливачите поради извршување на тренажен процес,како Федерација која се грижи за своите членови,побаравме отварање на базените  и поради зачувување на психофизичкото здравје на нашите спортисти чиешто е под влијание и постојан притисок со секојдневните информации за вирусот Ковид 19.
Ние како Федерација цврсто стоиме до нашите протоколи и планови за безбедно користење на базените за време на тренинг.
Со почит
Национална пливачка федерација