Денеска (5.06.2019г.) завршуваат Сеславјанските спортски игри – “V World Junior Compatriot Games 2019″во градот Ханти-Мансијск, Русија, на кои настапија наши спортисти-пливачи во категорија родени 2004-2005година.
Од Македонија настапија Петар Атанасовски и Кирил Китановски, членови на ПК Пилот Свим – Скопје. На пливачкиот дел од iгрите учество земаа преку 600 пливачи од 61 држава во светот. Во големата конкуренција нашите пливачи постигнаа голем успех и со свои најдобри времиња го постигнаа следниот успех:
Кирил Китановски
20-место на 100м слободно
19-место на 50м слободно
Петар Атанасовски
10-место на 100м слободно
7-место (финале) на 50м слободно
Браво за нашите репрезентативци кои достојно ја претставија нашата држава на овие Сеславјански спортски игри.