Известување!

Поради препораките на Министерството за здравство и Владата, со што сите базени во Македонија се затворени,Националната пливачка федерација после консултација со Управниот одбор, Одборите за пливање и далечинско пливање одлучи да ги откаже сите натпревари кои според календарот на натпревари треба да се одржат до 01.06.2020.
За сите промени кои произлегуваат од ова одлука ќе бидете навремено известени.
Воедно и Светската пливачка федерација ФИНА испрати соопштение и препораки кои треба да ги почитуваат сите наши пливачи.
Сакаме да напоменеме дека без разлика на овие тешки времиња,нашите пливачи треба да ги следат препораките и да вежбаат во соодветните услови.