Евгениј Поп Ацев, прогласен за најдобар спортист на Град Скопје

Нашиот Репрезентативец во маратонско пливање, Евгениј Поп Ацев е прогласен за најдобар спортист на Град Скопје.
Денес Сојузот на спортови на Град Скопје по повод ослободувањето на главниот град ги додели наградите “13 Ноември”  за најдобри спортисти за 2019 година.
Оваа година Евгениј победи во Светската серија на Ултра маратони на ФИНА и го зазема 8то место во ФИНА/ХОСА Светската серија на маратони.