Известување

Следејќи ги препораките на Министерството за здравство за ограничување и одложување на сите масовни собири и неможејќи да ги организираме натпреварите без публика,Националната пливачка федерација донесе одлука:
Меѓународниот пливачки митинг “Нептун Куп” во организација на ПК Нептун и Меѓународниот пливачки митинг “Гранд при Македонија” во организација на Националната пливачка федерација да се одложат на неопределено време.
Новите дати за организација на истите ќе зависат пред се од состојбите во Државата и од веќе утврдениот календар на натпревари.
За сите промени ќе бидете навремено известени.
Ви благодариме на разбирањето.
Национална пливачка федерација