Известување!

Балканската федерација на пливачки спортови одлучи Младинското Балканско првенство во пливање кое требаше да се одржи во Скопје од 08-10.05.2020 да се откаже и оваа година истото воопшто нема да се одржи.
Оваа одлука е донесена поради моменталната ситуација со коронавирусот и пред се поради безбедноста на пливачите.
Ние како Федерација ја почитуваме одлуката но жалиме што после долго време едно вакво големо пливачко натпреварување ќе се одржеше во Македонија.
Со почит
Национална Пливачка Федерација