Почитувани пливачи, тренери и родители,
Изминативе три месеци бевме вклучени во долга и истрајна активност за создавање соодветни правила и протоколи кои ги разработувавме заедно со здравствените и државните власти се со цел безбедно отварање на базените и рестартирање на пливањето.
Владата конечно го усвои протоколот издаден од Националната пливачка федерација и дозволи со негова целосна примена да се вратиме на базен.
Иако сме ограничени во термини и работиме според посебен протокол мора да бидеме максимално дисциплинирани почитувајќи го протоколот и сите мерки кои се пропишани во него.
Од тие причини ве замолуваме на целосно внимание и почитување на сите мерки бидејќи здравјето е наша заедничка одговорност, а само од нас зависи нашата понатамошна работа и развој на пливачкиот спорт.
Да останеме безбедни одржувајќи редовна хигиена, соодветна социјална дистанца и носење маска во сите затворени простории на базените.
Претседател
Александар Филипчев