Известување

После водениот разговор со раководството на А1 Спортскиот центар Борис Трајковски на 11.05.2020 и поради намалување на рестриктивните мерки од страна на Владата, со цел отварање на базените за работа,Националната пливачка федерација изготви список на пливачи кои ќе може да влезат на базенот Борис Трајковски.
Списокот и бројот на пливачи е направен според препораките на Владата,Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб за справување со вирусот Ковид 19 и запазување на дозволеното растојание од 1,5м коешто ни беше предочено и од страна на самото раководство на базенот.
Во известувањето ќе го прочитате и записникот од комисијата задолжен за изготвување на списокот.