Гочанин: „За почеток на Европското првенство, јас сум многу задоволен!”

По завршувањето на првиот меч за нашата репрезентација на Европското првенство во Ајндховен Холандија и по прекрасната победа над  репрезентациајта на Турција со неверојатни 16:4, изјави дадоа селекторот на нашата репрезентација Игор Гочанин, како и Мирослав Ранџич:

Игор Гочанин: “Како за прв меч, јас сум многу задоволен. Концентрацијата беше добра и се надевам дека ќе продолжиме да играме со глава и со концентрација при играч повеќе и при играч помалку. Тешко е да се каже нешто повеќе, бидејки резултатот е многу висок, но за почетокот на Европското првенство јас сум многу задоволен!”

Мирослав Ранџиќ:: “По тешкиот почеток, натпреварот стана по лесен за нас, а конечно и доминиравме над нашиот противник. Беше важно нашиот тим да го добие првиот меч.”