Меѓународен пливачки митинг “Орион Куп мини”

На 13.09.2019 во организација на ПВК Орион од Скопје ќе се одржи првиот Меѓународен пливачки митинг "Орион Куп мини" на Олимпискиот базен Центар. Митингот е наменет за помладите категории на пливачи. Orion Cup mini 2019-Proposition ENG Орион Куп мини 2019-Пропозиции МКД

Известување

Националната пливачка федерација по повод новите случувања ќе одржи прес конференција утре Четврток 10.10.2019 во АТК Премиум клубот на базенот Борис Трајковски со почеток во 11:00. Ги покануваме сите заинтересирани медиуми,спортски работници и љубители на пливањето да присуствуваат на пресконференцијата Со почит Национална пливачка федерација Претседател Александар Филипчев

Меѓународен пливачки митинг “Лесковачки победник”

И покрај сите проблеми и неправди кои им беа нанесени пред да настапат на Меѓународниот пливачки митинг "Лесковачки победник" кој се одржа оваа Сабота 05.10.2019, младите Македонски пливачи освоија 36 медали. На митингот настапија пливачи од Пливачките клубови,Младост,Бета Шаркс,Скопје,Вардар,Делфин,Октопод,Работнички од Скопје,Челични од Штип и Олимпик од Битола. Помеѓу сите освојувачи на медали

Медитерански Куп КОМЕН на отворени води

На Медитеранскиот Куп КОМЕН на отворени води  за пливачи родени 2004/2005 кој се одржа во Ларнака,Кипар нашиот репрезентативец Андреј Стојановски го зазема одличното 6то место во конкуренција на пливачи од Шпанија,Италија,Израел,Малта и Кипар   http://koek.org.cy/15th-cyprus-international-swimming-marathon-mediterranean-open-water-swimming-cup-lanrnaca-5-6-october-2019/

Меѓународен пливачки митинг “Делфин Спринт 2019”

На 29.09.2019 Недела во организација на ПК Делфин од Скопје ќе се организира Меѓународниот пливачки митинг "Делфин Спринт 2019" кој ќе се одржи на Олимписки базен Центар во Скопје. Во продолжение ги имате пропозициите за митингот II DELFIN SPRINT 2019- MKD II DELFIN SPRINT 2018 - ENG

4ти круг на трки од Македонскиот куп во далечинско пливање

По завршување на 4от круг на трки од Македонскиот куп во далечинско пливање кој се одржа на 15.09.2019 на Велешкото езеро Младост,победници во категории се следните пливачи: Категорија 1(пливачи родени 2001 и постари) Мажи: Евгениј Поп Ацев ПК Вардар 2018 Категорија 2(пливачи родени 2002/2004) Мажи: Божидар Мирчевски ВиП Работнички Жени: Лина Јордановска ПК Младост Категорија 3(пливачи родени 2005/2007) Мажи: Марко Ѓузиќ

6ти Велешки пливачки маратон

На денешниот 6ти Велешки пливачки маратон кој оваа година беше и Меѓународен а воедно беше и финале на Македонскиот куп во далечинско пливање победници во категории се следните пливачи: 2,5Км(пливачи родени 2005/2007) Мажи: 1.Давковски Борјан НПФ 2.Јорданов Давид ПВК Орион 3.Деску Сидрит ПК Степ -Приштина Жени: 1.Стојановска Калина НПФ 2.Андоновски Антониј ПК Челични 3.Наумова Ивона ПК Челични 5Км(пливачи родени 2002/2004) Мажи 1.Стојановски

15.09.2019 на Велешкото езеро – Младост ќе се одржи 6от Велешки маратон

Утре 15.09.2019 на Велешкото езеро - Младост ќе се одржи 6от Велешки маратон кој повторно е дел од Македонскиот куп во далечинско пливање. Оваа година Велешкиот маратон ќе биде и финале од Купот каде што ќе се прогласат победниците во сите дисциплини. Во 10:00 почнуваат трката од 2,5Км на која учество ќе

Со тага и искрено жалење известуваме дека почина Гаврило Маслаковиќ – Гале

Со тага и искрено жалење ги известуваме сите љубители на пливањето,спортски работници и целата спортска јавност дека почина Гаврило Маслаковиќ - Гале. Долгогодишен главен тренер во ПК Свети Никола од Ниш и еден од основоположниците на пливањето во Ниш. Гале беше голем пријател на сите пливачки работници,тренери,родители и пливачи од Македонија. Им искажуваме

Свечен пречек и афирмација на Евгениј Поп Ацев

Националната Пливачка Федерација приреди свечен пречек во чест на 3та титула победник во Светскиот куп на ФИНА во Ултра серијата на маратони и  му додели посебно признание за афирмација на пливањето и Македонија на Евгениј Поп Ацев. „Успесите на Евгениј Поп Ацев се за огромна пофалба, и треба да бидат одбележани.

Последна трка од ФИНА Ултра серијата на маратони

На последната трка од ФИНА Ултра серијата на маратони која се одржа на патеката од Капри до Наполи на 07.09.2019 нашиот репрезентативец Евгениј Поп Ацев го зазема 3то место додека нашиот втор натпреварувач Александар Илиевски го зазема 9то место. Победници во машка и женска конкуренција се пливачите од Италија,Андреа Бјанки и

Светско првенство во пливање за глуви и наглуви лица, Сао Паоло,Бразил

На Светското првенство во пливање за глуви и наглуви лица кое се одржа во Сао Паоло,Бразил од 25-31.08.2019 нашиот пливач Андреј Стојановски ги постигна следните резултати: 200м слободно- 1:59.95 и освоено 7 место 400м мешано - 4:54.80 и освоено 8 место 400м слободно - 4:18.50 и освоено 7 место 200м мешано- 2:16.18 и освоено

Претпоследeн маратон од ФИНА Ултра серијата на маратони

На претпоследниот маратон од ФИНА Ултра серијата на маратони кој се одржа во Нови Винодолски,Хрватска нашиот Репрезентативец Евгениј Поп Ацев го зазема одличното второ место додека вториот наш пливач Александар Илиевски го зазема 10то место. Победник во машка конкуренција е пливачот од Италија,Едуардо Стокино додека во женска конкуренција е пливачката од

7ма трка од ФИНА/ЦНСГ серијата на маратони на 10км

На 7та трка од ФИНА/ЦНСГ серијата на маратони на 10км која се одржа во Охрид на 28.08.2019 победник во машка конкуренција е пливачот од Русија Кирил Абросимов,додека кај жените победник е пливачката од Бразил Ана Марсела Куња. Нашиот Репрезентативец,Евгениј Поп Ацев го зазема 9то место. Честитки http://fina.org/competition-results/0be11c01-88a7-4ab7-8357-d4140ddd877b/49/50792

Марко Пејчиновски спремен  да исплива нов подвиг долг 64 километри

Денес во 15:00, Марко Пејчиновски ќе влезе во водите на Охридското езеро спремен  да исплива нов подвиг долг 64 километри (Охрид – Св. Наум – Струга - Охрид), кој го посветува на лицата со ретки болести и нивната секојдневна битка со предизвиците во животот. Марко се очекува да пристигне утре на

Охридскиот пливачки маратон, 24.08.21019

На Охридскиот пливачки маратон кој  се одржа на 24.08.21019 и кој е 4та трка од ФИНА серијата на Ултра маратони побединици се пливачот од Франција,Рајмонд Аксел во машка и Аличе Франко од Италија во женска конкуренција. Македонскиот репрезентативец Евгениј Поп Ацев го зазема одличното 2ро место додека  Александар Илиевски го зазема

Резултати од 3от круг од “Македонскиот куп во далечинско пливање”

На 3от круг од "Македонскиот куп во далечинско пливање" кој се одржа на Мавровското езеро пријавени беа 15 пливачи од кои само 7 ја завршија трката,6 се откажаа а двајца не стартуваа. Благодарност до КЕМ,ЈУ Национален парк Маврово и Радика-Хотел СПА и Казино за помошта. Ова се неофицијални резултати по категории: Категорија 1(18години

Официјални резултати од 3от круг на Македонскиот куп во далечинско пливање

Официјални резултати од 3от круг на Македонскиот куп во далечинско пливање кој се одржа на мавровското езеро на 25.08.2019 и вкупен пласман после 3от круг од Македонскиот куп во далечинско пливање. Официјални резултати од 3та трка од Македонскиот Куп во далечинско пливање Вкупен пласман после 3та трка од Македонскиот Куп во далечинско

5то Светско првенство во пливање за глуви и наглуви лица

Нашиот Репрезентативец Андреј Стојановски ќе ја претставува нашата Држава на 5то Светско првенство во пливање за глуви и наглуви лица кое се одржува во Сао Паоло Бразил од 25-31.08.2019. На линкот подоле ги имате сите потребни информации за Светското првенство. https://wdsc2019.wordpress.com/

25.08.2019 трет круг од Македонскиот куп во далечинско пливање

Почитувани На 25.08.2019 на Мавровското езеро ќе се одржи третиот круг од Македонскиот куп во далечинско пливање. За истото е предвиден превоз за натпреварувачите,маица и ручек после трката. Затоа ве молиме во пријавата за натпреварувачи да ставите и број на маичка. Подоле во мејлот ги имате пропозициите Со почит Александар Филипчев Претседател на Национална пливачка федерација Македонски куп

Официјални резултати од 2рата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање

Вкупен пласман после 2та трка од Македонскиот Куп во далечинско пливање Официјални резултати од 2та трка од Македонскиот Куп во далечинско пливање Официјални резултати од 1та трка од Македонскиот Куп во далечинско пливање

Втор круг од Македонскиот куп во далечинско пливање и Интернационалниот Олимписки пливачки маратон

На вториот круг од Македонскиот куп во далечинско пливање и Интернационалниот Олимписки пливачки маратон  кој се одржа во Охрид победници во категории се: 10км трка - Интернационален Олимписки Пливачки Маратон Мажи 1.Евгениј Поп Ацев ПК Вардар 2018 5Км Мажи 1.Андреј Стојановски ПФМ 2.Божидар Мирчевски ВиП Работнички 3.Петар Краљевски Аква Куманово Жени 1.Јана Костадиновска ПК Младост 2.Калина Стојчевска ПК Младост 3.Лина Јордановска ПК

Втора трка од Македонскиот куп во далечинско пливање

На 10.08.2019 ќе се одржи втората трка од Македонскиот куп во далечинско пливање исто така на Охридското езеро но овој пат на кружна патека од 1000м кај старото пристаниште,кај Хотел Палас. Според пропозициите на македонскиот куп во далечинско пливање ќе се одржат 3 трки и тоа 2,5км ; 5км и 10км

ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ од првата трка на Македонскиот куп во далечинско пливање Охрид 02.08.2019

После добивање на официјалните резултати од техничкиот организатор на Илинденскиот куп,Пливачкиот клуб Охридски бранови 2008,според порпозициите на Националната пливачка федерација за Македонскиот куп во далечинско пливање: Пропозиции Македонски куп во Далечинско пливање 2019 Ова се официјалните резултати во сите категории на натпреварувачи: Официјални резултати од 1та трка од Македонскиот Куп во далечинско пливање  

Резултати-Илинденски пливачки маратон Охрид 2019

Официјални резултати од  Илинденски куп кој е дел и од Македонскиот Куп во далечинско пливање: 16г и постари Машки: Божидар Мирчевски ВиП Работнички Женски: Јана Костадиновска ПК Младост 15г и помлади Машки: 1.Симон Поповски ПК Вардар 2018 2.Јаков Велковски ПВК Орион 3.Борјан Давковски ПФМ Женски: 1.Калина Стојановска ПФМ 2.Ивана Неделковска ПК Скопје 3.Јована Неделковска ПК Скопје Линк: REZULTATI-40-ti IPM-Ohrid 2019

ФИНА/ЦНСГ светската серија на маратони од 10км

На 6та трка од ФИНА/ЦНСГ светската серија на маратони од 10км кој се одржа на Езерото Мегантик во Канада,нашиот репрезентативец Евгениј Поп Ацев го зазема 10то место во групен финиш со време 2:06:58:50 што е за 12 стотинки послабо од победникот Кристоф Разовски од Унгарија кој исплива 2:06:46:30. Кај жените победи