На 10.08.2019 ќе се одржи втората трка од Македонскиот куп во далечинско пливање исто така на Охридското езеро но овој пат на кружна патека од 1000м кај старото пристаниште,кај Хотел Палас.
Според пропозициите на македонскиот куп во далечинско пливање ќе се одржат 3 трки и тоа 2,5км ; 5км и 10км која е воедно и “Интернационален Олимписки Пливачки Маратон” кој во склоп на купот повторно го организира Пливачкиот клуб Охридски бранови 2008.
Програмата за Сабота е следната:
10:30 – регистрација на пливачи и загревање
11:35 – последен состанок со пливачите пред старт и запознавање со судиите
11:45 – Презентација на пливачите
12:00 – Старт на сите трки
16:00 – Доделување на наградите во Хотел Сити Палас