И покрај сите проблеми и неправди кои им беа нанесени пред да настапат на Меѓународниот пливачки митинг “Лесковачки победник” кој се одржа оваа Сабота 05.10.2019, младите Македонски пливачи освоија 36 медали.
На митингот настапија пливачи од Пливачките клубови,Младост,Бета Шаркс,Скопје,Вардар,Делфин,Октопод,Работнички од Скопје,Челични од Штип и Олимпик од Битола.
Помеѓу сите освојувачи на медали се издвои резултатот на младата Софија Дамјанова од ПК Октопод во дисциплината 50м слободно каде исплива време 30:97 и освои 446ФИНА бодови.
Честитки до сите пливачи кои и покрај проблемите успешно го претставуваа Македонското пливање.