Во периодот од 24-26.05.2019 година, Пливачка Федерација на Македонија и ФИНА официјално одржаа “Fina Clinic for Officials” каде учествуваа 16 пливачки судии регистрирани во ПФМ.
Фина Предавач беше господин Крег Хантер, Претседател на Фина Технички Комитет за Пливачки Судии.
Вреди да се напомене, согласно Фина Правила за одржување на ваква клиника и семинар, секој континент може да има максимум по две во тековна година, што значи дека Македонија е една од двете европски држави (од 53 земји членки на ЛЕН) што ја доби таа можност.