Денес во 15:00, Марко Пејчиновски ќе влезе во водите на Охридското езеро спремен да исплива нов подвиг долг 64 километри (Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид), кој го посветува на лицата со ретки болести и нивната секојдневна битка со предизвиците во животот.
Марко се очекува да пристигне утре на истото место.
Националната пливачка федерација му посакува мирно езеро и успех во исполнување на подвигот.
Напред Марко💪🏊👏