Со тага и искрено жалење известуваме дека почина Гаврило Маслаковиќ – Гале

Со тага и искрено жалење ги известуваме сите љубители на пливањето,спортски работници и целата спортска јавност дека почина Гаврило Маслаковиќ – Гале.
Долгогодишен главен тренер во ПК Свети Никола од Ниш и еден од основоположниците на пливањето во Ниш.
Гале беше голем пријател на сите пливачки работници,тренери,родители и пливачи од Македонија.
Им искажуваме сочуство на семејството.

Погребот ќе биде во Сабота 14.09.2019 во 12:00 на новите гробишта во Ниш.