Свечен пречек и афирмација на Евгениј Поп Ацев

Националната Пливачка Федерација приреди свечен пречек во чест на 3та титула победник во Светскиот куп на ФИНА во Ултра серијата на маратони и  му додели посебно признание за афирмација на пливањето и Македонија на Евгениј Поп Ацев.

„Успесите на Евгениј Поп Ацев се за огромна пофалба, и треба да бидат одбележани. Во 2015 прво место, 2017 прво место, 2019 прво место, сите во светскиот куп во ултра гран при серијата под календарот на Светската пливачка организација. За овие успеси, и за другите негови достигнувања Националната пливачка федерација на Евгениј Поп Ацев му доделува посебно признание за афирмација на спортот за достојно претставување на Република Македонија. Неговите успеси се и наша гордост”, изјави претседателот на НПФ, Александар Филипчев.