Прогласување на победниците на Македонскиот куп во далечинско пливање

Националната пливачка федерација на ден 02.10.2020 со почеток во 14:00 во ресторанот Фирма(на базен Аеродром)ќе се изврши прогласување на победниците на Македонскиот куп во далечинско пливање.

После 4 испливани трки на езерата во Македонија ќе се прогласуваат победниците во категориите според освоени бодови.

Оваа година Македонскиот куп во далечинско пливање се одржа само во една делница од 2,5Км и се одржа на следните езера:

 

09.08-Крушево

16.08-Охрид

29.08-Маврово

12.09-Велес

Официјално победници на Купот се:

Категорија 1 – Мажи

Деркоски Филип П.В.К.Орион

Категорија 2 – Мажи

Тануровски Давид П.В.К.Орион

Категорија 2 – Жени

Костандиновска Јана ПК Нептун

Категорија 3 – Мажи

Велков Михаил ПК Нептун

Категорија 3 – Жени

Дамјанова Софиа ПК Октопод