Почитувани пливачи,спортски работници,љубители на пливањето имам посебна чест и задоволство да Ве поканам на 2от Меѓународен пливачки митинг “Гран при Македонија” кои и оваа година ќе се одржи во организација на Националната пливачка федерација од 06-08.03.2020 на Олимпискиот базен Центар.
Следејќи го трендот на светското пливање за прв пат во Македонија ќе имаме можност да ја гледаме популарната “Скинс” трка,да гледаме возбудливи трки каде учество ќе земат едни од мнајдобрите пливачи на Балканот заедно со нашите најдобри.Поради сето горена неведено сакам да Ве поканам да дојдете во што поголем број и да уживате во трките.
Со почит
Мр.Александар Филипчев
Претседател на Национална пливачка федерација