Известување

По последните натписи и известувања за промена на името на Федерацијата,сакаме да ве известиме дека единствена федерација надлежна за водените спортови во Македонија е Националната пливачка федерација.
Според Централниот регистар на Република Северна Македонија,правен субјек “Пливачка федерација на Северна Македонија” воопшто не постои.
За целата оваа ситуација запознаени се сите надлежни институции како во земјата така и во странство а за лицата кои продолжуваат лажно да се претставуваат ќе се превземат соодветни мерки.
Претседател
м-р Александар Филипчев