Официјален проект” FINA CLINIC for COACHES”

Пливачка Федерација на Македонија со задоволство најавува за првпат одржување,обука и сертифицирање на тренери за пливање од ПФМ и ФИНА преку официјален проект” FINA CLINIC for COACHES” кој ќе се одржи во Скопје 06-10 Март 2019г.

Официјален Фина Предавач е познатиот тренерски стручњак Г-дин Валтер Бологнани, Селектор на Италијанска Пливачка Кадетска и Младинска Репрезентација и Член на Стручен Тренерски Совет во ЛЕН.

На сите уредно и навремено пријавени лица за тренери по пливање во ПФМ,како и на останатите од странство им посакуваме успешна обука.

Напомена- Ова е прва од петте добиени обуки и сертифицирања за тренери по пливање на ПФМ од ФИНА за 2019г.

Сите заинтересирани лица, кои овојпат не успеаа навремено да се пријават, за наредните официјални пливачки манифестации ќе треба почесто да ја посетуваат нашата Веб Страна и ги следат сите новости за и во Македонско пливање.