ДЕМАНТ од Претседател на ПФМ

Со цел вистината конечно да ја дознае јавноста,како шлаг на торта дојде интервјуто објавено во дневен весник”Вечер”23.06.2018г со самопрогласениот “генерален секретар”на ПФМ,Марјанчо Соколовски-Мане.

Немаме намера да трошиме време и зборови за одбрана,напротив со само неколку реченици ќе ја доловиме состојбата која ја предизвикуваат Вакви злобни личности,скриени за и во име на спорт!!!

Лицето “Мане”,потпомогнато од вечно искомплексираните(поради лични неуспеси во спорт и приватниот живот)Манич Александар,Методија Ангелевски и уште неколкумина адекватни на гореспоменатите имаа водечка улога во ПФМ 2005-2008г период кога не само што ја уништија,обезличија,туку ја задолжија ПФМ со 3,5мил ден,за што сведочи позајмица од Претседател на ПФМ во тој период Г-дин Зоран Алексов(тогашен директор на Централен Регистар),кој на нивно барање(припреми,учество на натпревари без исполнети норми)а,со нивна согласност дека ќе ги вратат парите ненаменски потрошени од нивна страна,ја дава позајмицата на ПФМ,која до ден денес Мане и Методија ја немаат вратено!!!

Но,ова е само еден дел од нивната злоба и штета која ја направиле кон ПФМ.

Нивната злоба и штета продолжува и понатаму,за што говорат нивните”успеси”како тренери и спортски работници.Имено,своите клубови ги затворија(секој кој беше во пливање им беше виновен),за да се вдомат во СРЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ-Карпош Базен

2011-2018г во Пк Бета-Скопје каде илјадници деца и родители до ден денес се изманипулирани во секој поглед-од резултатски до финансиски аспект.

На крај,Вакви СПОДОБИ кој како крлежи се упикуваат на секоја власт и функционери кои водат спорт,се само со една цел-финансиски криминал во име на спорт(заштитени од функционери на власт) ,под превезот”имаме вајлд карта и учество-шетња”,а за спортски резултат ќе кажеме”треба време и трпение!!!

Заради сето ова горенаведено,јас Александар Маленко заслужен граѓанин и спортист на Македонија и Претседател на Пливачка Федерација на Македонија додека сум жив нема да дозволам Вакви СПОДОБИ никогаш повеќе да просперираат во Пливање и Македонски Спорт…

Со почит,

Претседател на Пливачка Федерација

Александар Маленко