Претседател на Пливачка Федерација на Македонија Александар Малеко ќе оствари официјална средба со Грчка Пливачка Федерација во Атина Сабота 24.03.2018 год.
На средбата ќе биде потпишан меморандум за билатерална соработка помеѓу Претседател на ПФМ и Генерален Секретар на Грчка Пливачка Федерација Димитрис Саракцанис и Спортски Директор Димитриос Маганас која овозможува размена на тренерски искуствам талент кампови како и одржување на заеднички припреми и натпревари со цел остварување на врвен резултат на наши пливачи.
Посебна чест на офоцијален работен ручек ќе биде присуството на Поранешен Светски првак во маратонско пливање Спиридон Панајотис кој сега е селектор на далечинско пливање во Грција.