Општина Охрид предводена од Градоначалникот г-дин. Јован Стојановски, приреди официјален прием на Претседателот на Пливачка федерација на Македонија Александар Маленко.
На средбата Градоначалникот беше запознаен со програмата за работа на ПФМ, при што изрази безрезервна поддршка за истата и најави техничка поддршка за исполнување на сите потреби по програма на ПФМ за развој на пливањето и ватерполо спортот во Охрид.