Управен Одбор на Пливачка Федерација на Македонија на седница одржана на 20.12.2017 ги донесе следните одлуки кои стапуваат на сила од денот на донесување:
- Воведување бодовен систем за клубови и пливачи според резултати на државни првенства.
- Усвоена предлог листа од Селектор за Репрезентативци во Далечинско Пливање
- Усвоени Норми за учество на Интернационални натпревари во 2018
- 25 Декември – 25 Јануари преоден рок за пливачи во календарска натпреварувачка сезона според Нова програма на ПФМ
- Забрана за учество на натпревари во рок од 2 години на пливачки клуб Охридски Бранови 2008 – Охрид
- Забрана за учество на натпревари во рок од две години на пливач Милан Китески
- Усвоена програма за натпревари на ПФМ за календарска 2018 година