Ватерполистите на подговотки во Турција

Македонската ватерполо репрезентација  во периодот од 06.01 до 08.01.2012 година ќе учестува на меѓународниот ватерполо турнир „International Mithat Hantal Memorial Tournament” кој се одржува во Истанбул, Турција. На турнирот покрај Македонската репрезентација учество ќе земат и репрезентацијата на домаќинот, Турција, како и Холандската и Романската репрезентација. Турнирот нашите ватерполисти ќе го искористат како одлична можност за подготовки пред престојното Европско првенство во ватерполо кое започнува на 16 јануари годинава а ќе се одржи во Ајндховен, Холандија.