На последно одржаната средба на Управен Одбор беа донесени одлуките во прилог
- Управен Одбор на Пливачка Федерација на Македонија донесе одлука за укинување на стартарина за пливачи учесници на државни првенства.
- Управен Одбор на Пливачка Федерација на Македонија со одлука го назначи Др. Дејан Докич за Претседател на Здравствена комисија, за Претседател на Регистрациона комисија е назначена Персида Отович, за Претседател на Дисциплинска комисија е назначен Горан Стојановски.
- Управен Одбор на Пливачка федерација на Македонија со одлука формираше Одбор за пливање составен од 5 членови со кои ќе раководи Пејковски Владимир. Со одлука на Управен Одбор на Пливачка Федерација на Македонија е формиран и одбор за далечинско пливање составен од три членови со кои ќе раководи Томи Стефановски.
- Управен Одбор на Пливачка Федерација на Македонија донесе одлука за формирање Судиски Одбор составен од 3 членови со кои ќе раководи Велков Васил.