На традиционалниот Меѓународен пливачки митинг “Св.Никола” кој се одржa во Ниш 18-19.12.2021,Македонските пливачи имаа успешен викенд.
На митингот тие поставија вкупно 10 нови Национални рекорди во повеќе категории.
Нови рекордери на Македонија се:
🔹Јанковиќ Сара ПК Скопје
50м градно 35.53 – Кадетски рекорд
🔹Јанковски Јован П.В.К.Орион
50м слободно 24.79 – Кадетски рекорд
50м делфин 26.18-Кадетски рекорд
🔹Герасимовски Василиј П.В.К.Орион
50м грбно 32.58 – Рекорд за Помлади пионери
🔹Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018
400м слободно 4:18.39 – Рекорд за Постари пионери
200м слободно 2:01.87 – Рекорд за Постари пионери
50м делфин 27.80 – Рекорд за Постари пионери
🔹Тодоров Стефан ПК Вардар 8
100м слободно 55.96 – Рекорд за Постари пионери
50м слободно 25.95 – Рекорд за постари пионери
🔹Тодоровски Димитар ПК Бета Шаркс
100м градно 1:23.69 – Рекорд за Помлади пионери
Пливачите на П.В.К Орион,Јанковски Јован и Герасимовски Василиј и пливачот на ПК Вардар 2018,Ѓуретановиќ Никола беа прогласени за најуспешни пливачи на Митингот во своите категории.
На Митингот учествуваа 86 пливачи од Македонија од 10 клуба.