ПФМ дел од Европска Недела на Спорт во Македонија

Во рамките на Европската недела на спортот, наредниот четврток и петок во СЦ “Борис Трајковски” ќе се одржи отворен ден за пливање.
Од 18 до 20 часот, влезот во базенот ќе биде бесплатен за сите посетители, а познати македонски пливачи ќе ги презентираат дисциплините во пливање.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со пливачките клубови кои држат часови по пливање.