На 27-28 Ноември во организација на Пливачкиот Клуб Делфин од Скопје се одржа традиционалниот 17ти по ред,Меѓународен пливачки митинг “Немо куп’ на базенот Борис Трајковски.На митингот учество земаа 346 пливачи од 34 клуба и тоа од Албанија,Бугарија,Косово и Македонија.
На Митингот се постигнаа 6 нови Национални рекорди во помладите категории.Нови рекордери се:
Јанковски Јован – П.В.К.Орион,постави нов Кадетски рекорд во дисциплината 100м слободно со време 53.10 и нов Кадетски рекорд во дисциплината 100м делфин со време 57.63.
Ѓуретановиќ Никола – ПК Вардар 2018 постави нови рекорди за Постари пионери во дисциплините 200м мешано со време 2:16.52,100м грбно со време 1:02.69 и 50м делфин со време 27.06
Герасимовски Василиј – П.В.К.Орион,постави нов рекорд за Помлади пионери во дисциплината 50м грбно со време 31.61
Најдобри пливачи по категории на митингот беа прогласени следните пливачи:
Категорија А
Мажи-Јанковски Јован П.В.К.Орион
Жени-Џемолари Вивиен ТЕ Стела
Категорија Б
Мажи-Јанковски Јован П.В.К:Орион
Жени-Китановиќ Ива П.В.К.Орион
Категорија Ц
Мажи-Станковски Горазд ПК Вардар 2018
Жени-Беиќи Хана Х2О
Категорија Д
Мажи-Велковски Никола ПК Вардар
Жени-Миленковска Неда ПК Младост
Категорија Е
Мажи-Цеков Влатко-ПК Вардар 2018
Жени-Колческа Теодора ПК Младост
Категорија Ф
Мажи-Иванов Алекс ГД Спорт
Жени-Трифуновска Ирина ПК Младост
Ова е најстар Меѓународен пливачки натпревар во Македонија кој и покрај коронакризата,успешно и без прекин се организира веќе 17 години.
Официјални резултати:XVII NEMO KUP 2021 – SPLASH Meet Manager 11