На ден 10 Октомври на Олимпискиот базен Центар во Скопје се одржа 5от Меѓународен пливачки митинг „Орион куп мини” во организација на Пливачкиот Клуб Орион. На митингот учество земаа 27 пливачки клубови од Македонија и Косово и вкупно 319 пливачи.
Поставени се два Национални рекорди на Македонија,пливачот на ПК Вардар 8, Стефан Тодоров постави нов рекорд за Постари пионери во дисциплината 50м слободно со време 26.44, додека пак пливачот на ПК Вардар 2018, Ѓуретановиќ Никола постави нов рекорд за Постари пионери во дисциплината 100м слободно со време 57.04.
Најуспешни пливачи по категории на митингот се:
Категорија А(пливачи 2006 и постари)
Мажи: Јанковски Јован П.В.К.Орион
Жени: Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион
Категорија Б(пливачи 2007/2008)
Мажи: Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018
Жени: Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018
Категорија Ц(пливачи 2009/2010)
Мажи: Герасимовски Василиј П.В.К.Орион
Жени: Адора Хоџа ПК Степ-Приштина
Категорија Д(пливачи 2011/2012)
Мажи: Цеков Влатко ПК Вардар 2018
Жени: Ставреска Георгина ПК Вардар 2018
Категорија Г(пливачи 2013/2014)
Мажи: Славковски Теодор П.В.К.Орион
Жени:Трифуновска Ирина ПК Младост
Категорија Е (пливачи 2015 и помлади)
Мажи: Мислјловски Матеј ПК Вардар 2018
Жени:Чадиковска Матеа ПК Центар
Официјални резултати
https://plivanje.info/data/Rezultati/2021/Preuzeto/Orion_Kup_mini_2021_MKD/index.html?fbclid=IwAR1dwe-1AqZKprzvy6oO3oMLchF4yaQjpKLfAEoUS79Yjo_8mxH-Fu7ysxw