Известување

До:Директорот на Агенцијата за млади и спорт г.дин Наумче Мојсовски

Почитуван директор на Агенција за млади и спорт г-дин Наумче Мојсовски,

Утрово добивме информација дека во просториите на Агенцијата за млади и спорт ќе се организира Прес- конференција во однос на претстојното Сениорско Европско Првенство во пливање кое ќе се одржи овој месец во Будимпешта, Унгарија.
Непријатно сме изненадени дека веќе долг период ги игнорирате нашите повици и обиди да стапиме во контакт со Вас околу претстојното Европско првенство како единствена организација одговорна за пливачкиот спорт во Македонија, а сега дополнително сме изненадени дека се подготвува прес конференцијата и според информацијата со тренери кои не смее според ниту едно правило за влез во репрезентацијата да бидат дел од нашиот национален тим или лажно да се претставуваат пред јавноста и тоа во евентуална Ваша организација.
Иако сметаме дека оваа информација за организирање на ваква прес конференција без наше знаење која е директен упад во внатрешните работи на федерацијата нема да дозволите да се случи сепак сакаме да Ви укажеме дека за евентуален груб упад и лажно презентирање на тренери кои не се делегирани од наша страна ќе го разбереме како чин на нефер, нерегуларен и скандалозен однос од Ваша страна и ќе ги употребиме сите расположливи средства за заштита на федерацијата и волјата на мнозинството клубови кои сме должни да ги заштитуваме и браниме.
Се надеваме овој наш допис ќе го разберете како акт на добра волја и можност да се спречи еден можен сериозен скандал кој несомнено ќе привлече големо медиумско внимание.
Со надеж за разум Ви посакувам убав ден.
Александар Филипчев,
Претседател на Национална Пливачка Федерација.