На 17-18.04.2021 според програмата на Националната пливачка федерација,на Олимпискиот базен Центар се одржа Меѓународниот пливачки митинг “Гран При Македонија ОПЕН”,на митингот учество земаа 312 пливачи од 31 клуб.
15 клуба беа од Косово,2 клуба беа од Албанија и останатите 14 беа од Македонија.
За најдобри пливачи во категории беа прогласени следните пливачи:
МАЖИ
Категорија А – Деркоски Филип П.В.К.Орион
Категорија Б – Паоло Приска Те Стела Тирана
Категорија Ц – Јанковски Јован П.В.К.Орион
Категорија Д – Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018
Категорија Е – Герасимовски Василиј П.В.К.Орион
ЖЕНИ
Категорија А – Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион
Категорија Ц – Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион
Категорија Д – Дамјанова Софиа ПК Варда 2018
Категорија Е – Хоџа Адора ПК Степ Приштина
На натпреварот се постави и еден нов Национален рекорд,поточно пливачот на ПК Вардар 2018,Ѓуретановиќ Никола постави нов рекорд во дисциплината 200м слободно со време 2:03.45 за категоријата Постари пионери.