Прогласување на најуспешните пливачи во 2019 година

На ден 28.12.2019 Сабота,Националната пливачка федерација ќе изврши прогласување на најуспешните пливачи во 2019 година.
Прогласувањето ќе се изврши во ресторанот Мажестик кој се наоѓа на Ул.Трета Македонска Бригада 11

(спроти Американ Колеџ) во нас. Стар Аеродром и ќе започне во 12:00.

Исто така ќе се изврши и доделување на пехарите на најдобрите пливачи од Зимското Национално Првенство кое се одржа на 14-15.12.2019 и воедно ќе се претстават сите стипендисти на Агенцијата за Млади и Спорт.
Претседател
Александар Филипчев