Известување

Пливачка Федерација на Македонија од ЛЕН Европска Пливачка Федерација и лично од Претседателот Паоло Барели, и Извршен Директор Џани Минервини доби 100% безрезервна подршка за сите проекти и манифестации од меѓународен карактер 2019-2020г кои ќе се одржат во Северна Македонија.

Како специјално признание за досегашна професионална работа на Претседател Александар Маленко јавно на ЛЕН Конгрес му беше врачена благододарница, како и додатна професионална функција постојан Член во ЛЕН- Технички Комитет за Далечинско Пливање  Септември 2019 – Август 2023г.

Северна Македонија официјално е организатор на Младинска Балканијада во Пливање 03-05. Мај 2020г Скопје, Медитерански Куп-КОМЕН во далечинско пливање 25-28 Септември 2020г-Охрид, и Светско Јуниорско Првенство Далечинско Пливање 10-14 Септември 2020г Охрид.